Анкета-Март 2024
Презентација на резултати
Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу:
1. За која политичка партија или коалиција би гласале на Парламентарните Избори на 8 Мај?
2. За кој од Претседателските кандидати би гласале на Претседателските Избори на 24 Април?
- Анкетата е спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината”.
- Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод.
- Истражувањето е спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.
- Маргина на грешка +-3,0%.
www.crpc.mk. / info@crpc.mk
Оглас: ТЕРЕНСКИ АНКЕТАРИ / ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТАРИ
Центарот за истражување и политичка комуникација (ЦИПК) има потреба од ангажирање на 10 (десет) анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување на телефонски и теренски истражувања, по веќе структуриран прашалник во текот на месец март / април 2024 година.
Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, по случаен метод со однапред утврдена методологија.
Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.
Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.
Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на (ЦИПК)
Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.
Времетраењето на ангажманот е еден месец, а се плаќа според сработени анкети. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно или високо образование
- Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
- Добри комуникациски вештини
- Флексибилно работно време
Потребни документи за аплицирање:
- CV (работна биографија)
Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: info@crpc.mk
Краен рок за пријавување:
28/02/2024