Search for:

Анкета на ЦРПЦ за парламентарните избори: ВМРО – ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Анкета на ЦРПЦ: Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Оглас: ТЕРЕНСКИ АНКЕТАРИ / ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТАРИ

Центарот за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК) има потреба од ангажирање на 10 (десет) анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување  на телефонски и  теренски истражувања, по веќе структуриран прашалник во текот на месец мај 2022 година.

Теренските  истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, по случаен метод со однапред утврдена методологија.

 

Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.

 

Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.

 

Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на (ЦИПК)

 

Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.

 

Времетраењето на ангажманот е еден месец, а се плаќа според сработени анкети. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

  • Завршено средно или високо образование
  • Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
  • Добри комуникациски вештини
  • Флексибилно работно време

Потребни документи за аплицирање:

  • CV (работна биографија)

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: info@crpc.mk

Краен рок за пријавување:

25/04/2022

Истражување на јавното мислење на тема: Локални избори 2021- Втор круг

Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC) спроведе анкета пред вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 31 октомври.

 

Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

 

Истражувањето беше спроведено во одредени општини на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

 

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 октомври до 23 октомври 2021 година. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците, ќе бидат презентирани на 25 октомври во 19.00 часот на Онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации.

www.crpc.mk