Search for:

Главен фокус на Институтот за Политички Истражувања и Комуникација со е испитување на јавното мислење за политичките, но и за социо – економските процеси во земјава и во државите од балканскиот регион кои се меѓусебно поврзани и зависни едни од други.

Главна карактеристика односно тоа што не издвојува од другите институти кои се занимаваат со оваа тематика е тоа што истражувањето го вршиме директно на терен со нашите испитаници што остава многу мала или никаква сомнителност за одговорите на анкетираните.

Дополнително нашите анкетари директно го согледуваат и чуствуваат пулсот, односно расположението на народот за повеќе теми од општествениот живот, зависно за какво истражување станува збор.

Во зависнот на каква тема истражуваме бираме целни групи или пак по случаен метод.

Нашата екипа е внимателно избрана и пред се независна надвор од политички или било какви влијанија.

Највисоката цел на Институтот е да ја изнесеме вистината и реалноста добиена преку реална анкета направена директно врз граѓаните.