Центарот за истражување и политичка комуникација (CRPC) во периодот од 15-ти до 25 -ти мај спроведува истражување на јавното мислење на пресрет на локалните избори 2021
За потребите на истражувањето, отвораме повик за 12(дванаесет) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во теренското спроведување на истражувањето и внес на податоците. Теренското истражување предвидува спроведување на прашалници во определени општини во територијата на целата држава во периодот од 15ти мај до 25-ти мај , 2021 година.
За подготовка на избраните анкетари ќе биде организиран еднодневен тренинг на 5 ти мај на кој е задолжително да присуствуваат избраните анкетари. За прибирање и внесување на податоците, анкетарите ќе бидат ангажирани 15 -ти мај се до 30-ти мај, 2021 година.
Сите заинтересирани за овој повик потребно е:
- Да се полнолетни;
- Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
- Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време во работните денови;
- Во периодот од од 15-ти март , да бидат во државата и во можност да го извршат анкетирањето во горенаведените општини;
- Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
- Да присуствуваат на еднодневен тренинг на 15-ти март во Скопје;
- Да поседуваат добри комуникациски вештини.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават своја биографија (CV), најдоцна до 30-ти април 2021 година до 23:59 часот на anketari@crpc.eu со назнака „Пријава за анкетар“. Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл-адреса.
Избраните анкетари ќе бидат известени на 03-ти мај2021/ година за времето и локацијата на еднодневниот тренинг, а за ангажманот е предвиден финансиски надомест.