Оглас: ТЕРЕНСКИ АНКЕТАРИ / ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТАРИ
Центарот за истражување и политичка комуникација (ЦИПК) има потреба од ангажирање на 10 (десет) анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување на телефонски и теренски истражувања, по веќе структуриран прашалник во текот на месец мај 2022 година.
Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, по случаен метод со однапред утврдена методологија.
Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.
Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.
Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на (ЦИПК)
Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.
Времетраењето на ангажманот е еден месец, а се плаќа според сработени анкети. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно или високо образование
- Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
- Добри комуникациски вештини
- Флексибилно работно време
Потребни документи за аплицирање:
- CV (работна биографија)
Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: info@crpc.mk
Краен рок за пријавување:
25/04/2022