Search for:

Анкета-Март 2024

Презентација на  резултати 

 

 

Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу:

 

 

1. За која политичка партија или коалиција би гласале на Парламентарните Избори на 8 Мај?

 

 

2. За кој од  Претседателските кандидати би гласале на Претседателските Избори на 24 Април?

 

 

 

 

  • Анкетата е спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината”.

 

  • Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод.

 

  • Истражувањето е спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

 

  • Маргина на грешка +-3,0%.

 

 

www.crpc.mk. /  info@crpc.mk


 

 

 

Оглас: ТЕРЕНСКИ АНКЕТАРИ / ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТАРИ

 

 

Центарот за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК) има потреба од ангажирање на 10 (десет) анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување  на телефонски и  теренски истражувања, по веќе структуриран прашалник во текот на месец март / април 2024 година.

Теренските  истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, по случаен метод со однапред утврдена методологија.

Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.

Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.

Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на (ЦИПК)

 

Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.

 

Времетраењето на ангажманот е еден месец, а се плаќа според сработени анкети. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

  • Завршено средно или високо образование
  • Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
  • Добри комуникациски вештини
  • Флексибилно работно време

Потребни документи за аплицирање:

  • CV (работна биографија)

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: info@crpc.mk

Краен рок за пријавување:

28/02/2024

Истражување на јавното мислење –

Истражување на јавното мислење / Септември 2023

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во прилог ви ја презентираме анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk

Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено наниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

 

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

 

Маргина на грешка +-2,5%.

 

Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу.

 

 

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ

 

 

 

 

Методологија

 

 

 

Демографија


 

 

 

 

 

Општо земено дали би рекле дека работите  во Република Северна Македонија сe одвиваат во правилна или во погрешна насока

 

 

45,35 проценти од граѓаните мислат дека државата се движи во погрешна насока!

 

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC),  во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето општо земено дали би рекле дека работите во република Северна Македонија се одвиваат во правилна или во погрешна насока  45,35%  одоговориле дека државата се движи во погрешна насока, а 13,7 % од испитаниците сметаат дека Северна Македонија се движи во правилна насока. 19,95% од анкетираните одбиле да одговорат, а 21,05% го дале одговорот – не знам.

Албанците за разлика од Македонците се повеќе на ставот дека државата се движи во погрешна насока, односно речиси половина од нив сметаат дека Северна Македонија се движи во погрешен правец.

 


 

 

Дали имате доверба во државните институции

 

 

Албанците со 11% поголема недоверба во институциите на системот од Македонците

 

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC),  во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето; Дали имате доверба во државните институции 47 5% од анкетираните  одговориле дека немаат доверба, 23% одбиле да одговорат, 21 % се изјасниле со – не знам, а најмал процент, само 9 % рекла дека имаат доверба во државните институции.

39 % од испитанитте Македонци немаат доверба, а процентот на недоверба коон институциите на системот кај нивните сонародници Албанци е поголем за 11 %.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење работата на Премиерот Ковачевски

 

 

За премиерот Ковачевски поголем дел од граѓаните имаат главно негативно мислење

 

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за премиерот Димитар Ковачевски 22% од анкетираните одговориле дека имаат главно негативно мислење за премиерот, негативно мислење имаат 21 % од испитаниците, многу негативно 16%, малку позитивно, главно позитивно 5%, односно 9%. 19% од испитаниците на прашањето се изјасниле со – не знам.

Повеќе позитивно мислење за премиерот Ковачевски имаат Македонците споредбено со нивните сонародници Албанци.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење работата на првиот вицеремиер Артан Груби

 

 

45% од анкетираните граѓани имаат негативно мислење за Груби

 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за вицепремирот Артан Груби е дел од серијата прашање на анкетата спроведна од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги. Најголем дел од испитаниците или 45 % одговориле дека имаат негативно мислење за Груби, а главно негативно и малку негативно имаат 23% односно 17 % од испитаниците. 39% од испитаните Албанци се со негативно мислење за Груби, а овој став, но за 4 % повеќе го делат и Македонците.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за  ВМРО – ДПМНЕ

 

 

17% од граѓаните имаат позитивно и главно позитивно мислење за партијата на Мицковски

 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за ВМРО-ДПМНЕ е дел од серијата прашање на анкетата спроведна од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

Oдговорите на ова прашање се многу поделени.

17% од анкетираните имаат позитивно и главно позитивно мислење за партијата на Мицковски, на опцијата многу позитивно одговориле 15 % од испитаниците, а негативно мислење за партијата имаат 16 % од анкетираните. На прашањето со – не знам одговориле 15 % од испитаниците. 24% од Македонците имаат позитивно мислење за партијата на Мицковски, а само 1 % од Албанците според анкетата имаат позитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за Алијанса на Албанците

 

 

Само 2 % од анкетираните имаат позитвно мислење за Алијанса за Албанците

 

Анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги покажа дека 32% од испитаниците имаат негативно мислење за Алијансата за Албанците, а позитивно мислење имаат само 2% од анкетираните. Од тие кои имаат негативно мислење за партијата на Таравари голем дел се Македонци или 37% .

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за  СДСМ

 

 

9% од Македонците имаат позитивно мислење за СДСМ

 

Анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги покажа дека за владината партија СДСМ 24% од испитаниците рекле дека имаат многу негативно мислење, а 8% од нив рекле дека имаат позитивно мислење за партијата на Ковачевски. 9% од Македонците се со позитивно мислење за СДСМ, а само 1% од Албанците се со позитивно мислење за партијата на Ковачевски.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за  ДУИ

 

 

29% од граѓаните имаат негативно мислење за ДУИ

 

Анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги покажа дека за владината партија ДУИ најголем број од испитаниците, односно 29 % се изјасниле дека имаат негативно мислење, а 3% од нив одговориле дека имаат главно позитивно мислење.

Анкетата покажува дека само 1% од Македонците рекле дека имаат позитивно мислење за ДУИ, од испитаните Албанците 5 % рекле дека имаат позитивно мислење за партијата на Ахмети.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за  Беса

 

 

2% од испитаните Македонци имаат позитвно мислење за БЕСА

 

Анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги покажа дека 8% од анкетираните се изјасниле дека имаат негативно односно главно негативно мислење за БЕСА, а позитивно и главно позитивно мислење имаат 3% од испитаниците.

Гледано етнички 2% од испитаните Македонци рекле дека имаат позитивно мислење за БЕСА, додека 5% од Албанците се изјасниле дека имаат позитивно мислење за БЕСА.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за претседателот Пендаровски

 

 

9% од Албанците имаат позитивно мислење за Пендаровски

 

Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за претседателот Стево Пендаровски е дел од серијата прашања од анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

Поголемиот број од нив односно 17% одговориле дека имаат негативно мисење за Пендаровски, а 14% од испитаниците пак имаат позитивно мислење за претседателот. Ако се земе во предвид етничката припадност бројките се следни.10% од Македонците имаат позитивно мислење за Пендаровски, а кај Албанците овој процент е помал за само една бројка, односно 9 %.

 


 

Дали претседателот Пендаровски заслужува уште еден мандат

 

 

18% од граѓаните сметаат дека Пендаровски заслужува уште еден претседателски мандат

 

Мнозинството испитаници на анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека Пендаровски не заслужува уште еден мандат.

Или во бројки 25 % од анкетираните одговориле дека Пендаровски не заслужува уште еден претседателски мандат, а 18% од анкетираните сметаат дека Пендаровски заслужува уште еднаш да ја добие оваа функција. Ако се земе предвид етничката припадност статистиката говори дека 13,7% од Македонците сметаат дека Пендаровски заслужува уште еден мандат, а 11,5 % од Албанците рекле дека Педнаровски заслужува уште еднаш да ја добие оваа функција.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

 

Дали мислите дека можат да поминат уставните измени во овој парламентарен состав

 

 

44% од граѓаните сметаат дека во овој парламентарен состав не можат да поминат уставните измени

 

Дали можа да поминат парламентарните измени во овој парламентаране состав е дел од серијата прашање на анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

Голем дел од испитаниците одговориле со не, односно 44% од нив се изјасниле негативно,а 10% од анкетираните се изјасниле позитивно. 9,15% од Албанците сметаат дека уставните измени би поминале со овој состав на пратеници, а кај Македонците овој процент е помал или во бројки 7,65%.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Дали мислите дека се создадени услови за заеднички предизборен настап ( меѓуетнички коалиции) на македонските и албанските политички партии во РСМ

 

 

22% од граѓаните не веруваат дека има услови за предизборни меѓуетнички коалиции

 

Дали мислите дека се создадени услови за заеднички предизборен настап( меѓуетнички колации) на македонските и албанските политички партии во РСМ е дел од серијата прашања на анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

28% од анкетираните рекле дека не веруваат дека има услови за такви коалиции, а само 8% рекле дека има услови за меѓуетнички предизборни коалиции.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 


 

Доколку парламентарни избори се одржат утре, За листата на која политичка партија би гласале?

 

 

Ако парламентарните избори се одржат утре 19,2% од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ својот глас би го дале 13,4% од анкетираните

 

Доколку парламентарните избори се одржат утре за листата на која политичка партија би гласале е дел од серијата прашање на анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Испитинаците со следниве одговори.

19,2% од нив одговориле дека би гласале за ВМРO-ДПМЕ и коалицијата, 13,4 % рекле дека својот глас би го дале за СДСМ, потоа следува ДУИ до 4,9%, БЕСА со 3,2%, за Левица би гласале 3,1 % од анкетираните, 3% за Алијанса за Албанците, за Алтернатива 1,15%, а за Демократско движење 1,35%

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

 


 

Во кој од лидерите на политичките партии имате најголема доверба

 

 

Граѓаните најмногу му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски

 

Испитаниците во спроведената анкета од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека највеќе му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Или во бројки 19,2% од анкетираните му веруваат на Мицковски, на претседателот на СДСМ Ковачевски му веруваат 10,6 % од анкетираните, на Али Ахмети 4,7%, за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно за нив се изјасниле 3,45% од испитаниците.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

АНКЕТАРИ

АНКЕТАРИ

 

 

Центарот  за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК) има потреба од анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување на теренски  анкети  во одделни општини на територија на Р.С. Македонија.

 

Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓаните, лице во лице.

Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење,  динамични и со одлични комуникациски вештини.

Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.

Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на Центарот  за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК).

Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.

 

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

  • Завршено средно или високо образование
  • Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
  • Добри комуникациски вештини
  • Флексибилно работно време
  • Искуство со работа на терен
  • Искуство со работа на прашалници

 

Потребни документи за аплицирање:

 

  • CV (работна биографија)
  • Мотивационо писмо

 

Начин на аплицирање:

 

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: anketari@crpc.eu

 

Аплицирањето е најдоцна до 22.08.2021 .

Избраните кандидати ќе бидат информирани на истиот начин на кој аплицирале на 25.08.2021.