ОГЛАС: ТЕРЕНСКИ И ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТАРИ
Центарот за истражување и политичка комуникација (ЦИПК) има потреба од ангажирање на 10 (десет) анкетари за хонорарен ангажман за спроведување на телефонски и теренски истражувања, по однапред структуриран прашалник, во текот на јули /септември 2025 година.
Опис на работата:
-
Теренските истражувања опфаќаат анкетирање на граѓани лице-в-лице, според случаен метод и согласно однапред дефинирана методологија.
-
Работата е погодна за динамични личности кои сакаат работа на терен и поседуваат одлични комуникациски вештини.
-
Претходно искуство во спроведување анкети или друга теренска работа ќе се смета за предност, но не е задолжително.
-
Избраните кандидати ќе поминат обука организирана од ЦИПК.
Потребни квалификации:
-
Завршено средно или високо образование
-
Основно познавање на компјутерски програми: MS Windows, MS Word, Internet, MS Excel
-
Добри комуникациски вештини
-
Флексибилност во работното време
-
Сериозен и одговорен пристап кон работните обврски
-
Способност за почитување на зададените рокови и инструкции
Начин на плаќање:
Ангажманот е со времетраење од три месеци, а исплатата ќе биде врз основа на бројот на успешно реализирани анкети.
Потребни документи за аплицирање:
-
CV (работна биографија)
Сите заинтересирани кандидати треба да ги испратат потребните документи по електронски пат на следната е-пошта:
📧 [email protected]
Краен рок за пријавување:
04.07.2025 година