Search for:

Истражување на јавното мислење / Август 2022

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Демографија

 

 

 

 

 

 

 

Методологија

 

 

 

 

 

 

 

 

За која листа на Советници од политичките партии и независните листи ке гласате  на 20 Август

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку парламентарни избори се одржуваат утре, за која  политичка партија би гласале?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во кој од лидерите на политичките партии имате најголема доверба

 

 

 

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ

 

 

БЕСА со мала предност пред ДУИ, во пресрет на изборите за нов совет на Општина Тетово

Тешка и неизвесна битка за освојување на Советот на Општина Тетово.

Последната анкета на Центарот за истражување и политички комуникации CRPC, покажа дека политичките партии БЕСА и ДУИ ќе имаат убедливо водство пред останатите партии на изборите за нов совет закажани на 20 август, но партијата на Биљал Касам, и сепак ќе добие повеќе гласови од ДУИ.

На прашањето на анкетата на CRPC кое гласи – За која листа на советници од политичките партии и независните листи ќе гласате на 20 август, 22,4 % одговориле дека би гласале за БЕСА, а за околу еден отсто помалку својот глас би го дале за ДУИ, или за оваа партија би гласале 21,2 % од испитаниците.

За партиите од македонскиот политички блок ВМРО ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ. Или во проценти за партијата на Мицковски би гласале 12,2 % , за СДСМ својот глас би го дале 5,4 % од испитаниците.

За Алијанса за Албанците би гласале 3% од испитаниците, а за ДПА 2,5 %.

За листата на независни советници Подобро за Тетово  и Отпор би гласале 6,5 % од испитаниците. 19,20 % од испитаницте рекле дека ќе гласаат за друга партија, а 21% одговориле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Дали би гласале за листата на кандидати за советници од истата политичка партија за која гласавте на претходните избори, беше следното прашање од анкетата.

43% од испитаниците одговориле дека нема да гласаат за листата на советници од истата политичка партија за која претходно гласале, 31.1% би гласале за истата политичка опција, 11 % од испитаниците одговориле со не знам, а 18% одбиле да одговорат.

31 % од испитаниците во истражувањето одговориле дека се малку задоволни од работата на Општина Тетово, а 22% од анкетираните кажале дека се задоволни.

37% од испитаниците истакнале дека работите во Општина Тетово одат во погрешна насока, а 30 % од анкетираните, сметаат дека работите одат во правилна насока.

 

20 % од анкетираните на актуелниот градоначалник му дале оценка за неговата работа од 9 до 10, а 18 % од испитаниците го оцениле од 1 до 6.

Позитивно мислење за актуелниот градоначалник Биљал Касами имаат 19 % од испитаниците, а негативно 15 % од анкетираните.

Во истражувањето особено внимание се посвети на демографската структура на населението, полот, возраста, степенот на образование, работниот статус како и етничката припадност. Се работи за анкета спроведена од 18 до 22 јули на 430 испитаници на подрачјето на Општина Тетово. Употребена е истражувачка техника лице влице.

Ако сакате да бидете и вие дел од онлајн анкета поврзана со изборот на нов Совет на Општина Тетово , може да гласате подолу на една од опциите од прикажаните политички партии

Истражување на јавното мислење на тема: Локални избори 2021- Втор круг

 

 

Беса ќе го земе бастионот на ДУИ, во Тетово Касами во предност пред Арифи

Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од редовите на Беса Биљал Касами води пред актуелната градоначалничката на Тетово Теута Арифи Најновата анкета на Цетнарот за политички истражувања и комуникации покажува дека за Касами би гласале 38,46 % од вкупниот број анкетирани, а за Арифи 36,75 %. Или во бројки на 31 октомври на вториот круг од локалните избори бројот 3 за кандидатот од Дуи Арифи би го заокружиле 129 гласачи, а за Касами би гласале 6 гласачи плус. Анкетата е спроведена на 351 испитаник Маргината на грешка на анкетата е од 2,5 до 3 %

 

Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари со нова победа на 31 октомври

Центарот за политички истражувања и комуникации по спроведената анкета во Гостивар на 275 испитаници, ги доби следниве резултати за вториот круг од локалните избори. За кандидатот од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Арбен Таравари од вкупниот број анкетарани би гласале 114 лица, или 41,45 %, а за против кандидатот од ДУИ Невзат Бејта 37,45 % или 103 гласачи Маргината на грешка на анкетата е од 2,5 до 3 %

 

 

СДСМ повторно ќе го земе Арачино, кандидатот Миликије Халими во предност

 

Кандидатот за градоначалник за Општина Арачиново од редовите на СДСМ Миликије Халими ќе ја води општината и во наредните четири години. Така покажа анкетата што ја спроведе Цетнарот за политички истражувања и комуникации. Во оваа општина од вкупно 115 испитаници 35,65 % одговориле дека својот глас ќе го дадат за кандидатот од СДСМ Халими, или пак во бројки за неа би гласале 41 гласач. За противкандидатот Ридван Ибраими од ДУИ од вкупниот број анкетирани би гласаче 38 избирачи или 33,04% Маргината на грешка на анкетата е од 2,5 до 3 %

 

Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива води во Дебар

 

Дебарчани на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 31 октомври поголема подршка ќе му дадат на кандидатот од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Беким Поцеста Анкетата што ја спроведе Центарот за политички истражувања и комуникации ЦПРЦ на 195 испитаници во Општина Дебар ги даде следниве резултати. За Поцеста од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива би гласале 43,58% од вкупниот број испитаници или во бројки 85 гласачи. За неговиот противкандидат пак Хекуран Дука од ДУИ би гласале 42,05 % од вкупниот број испитаници или во бројки 82 гласачи Маргината на грешка на анкетата е од 2,5 до 3 %

Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC) спроведе анкета пред вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 31 октомври.
Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.
Истражувањето беше спроведено во одредени општини на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.
Истражувањето е спроведено во периодот од 18 октомври до 23 октомври 2021 година.
Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците, ќе бидат презентирани на 25 октомври во 19.00 часот на Онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации.

 

Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC) спроведе анкета пред вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 31 октомври.

 

Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

 

Истражувањето беше спроведено во одредени општини на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

 

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 октомври до 23 октомври 2021 година. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците, ќе бидат презентирани на 25 октомври во 19.00 часот на Онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации.

www.crpc.mk

 

Истражување на јавното мислење на тема: Локални избори 2021

 

Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC) спроведе анкета, во пресрет на локалните избори на 17 октомври.

Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ со 1231 испитаник во директен контакт според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено во одредени општини на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степен на образование и географската распределбa.

Истражувањето е спроведено во периодот од 19 септември до 27 септември 2021 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На прашањето: Општо земено дали би рекле дека работите  во вашата општина сe одвиваат во правилна или во погрешна насока?

 

 Од вкупниот број анкетирани најголемиот број односно 37,25% дале одговор дека работите се одвиваат во погрешна насока, а најмал број од анкетирани или 14,95% одговориле дека работите се одвиваат во правилна насока.

26,8 % одбиле да одговорат, а останатиот број од испитаниците одговориле со зборовите – Не знам.

 Тимот на (CRPC) ја зеде во предвид и етничката структура на анкетираните.

Од испитаниците кои одговориле дека работите одат во погрешна насока поголем процент се етнички Албанци или 38,35 %, а истиот одговор го дале 29,3 % од етничките Македонци.

Етничките Македонци пак со поголем процент одговориле дека работите одат во правилна насока. Или 23,17 % одговориле дека работите одат во правилна насока,  а кај етничките Албанци нивниот процент е и за повеќе од двојно помал, или пак во проценти 10,05 од анкетирани кои одговориле дека работите одат во правилна насока, биле етнички Албанци.

35 % од тие кои одбиле да одговорат биле Албанци, 28, 45% биле етнички Македонци.

Од вкупниот број испитаници кои одговориле на прашањето со зборовите – Не знам 10 % биле Македонци , а 15 % Албанци.

 

 

На прашањето: Општо земено, колку сте задоволни од досегашното работење на локалната власт на вашата општина?

Според графичкиот приказ прикажан најголем број 47 % не биле задоволни  од работењето на локалната, а најмал број од испитаниците односно 13 % на прашањетоп одговориле со Не знам. И тука е земено предвид етничкиот состав на испитаниците

 

 

 

 

На прашањето:  Дали познавате некого од советниците од вашата општина?

Според анкетата ги добивме следниве бројки, односно проценти.

54% од анкетираните одговориле, Сосема сигурно познавам

31, процент од вкупниот број испитаници одговориле – Не знам, не сум сигурен, 23% одбиле да одговорат, а 22% дале одговор –  Не знам

Според етничката структура, Албанците повеќе ги познаваат советниците, или на прашањето – Дали познавате некого од советниците од вашата општина, 58% од вкупниот број на анкетирани одговориле Сосема сигурно познавам, а процентот кај нивните сограѓани етнички Македонци е помал, или во бројка 53%.

33 % од етничките Македонци од вкупниот број анкетирани кажале дека не знаат и не се сигурни дали познаваат некого од советниците од нивната општина, а процентот кај етничките Албанци е помал и изнесува 30 %.

23 % од етничките Македонци одбиле да одговорат на ова прашање, а процентот кај Албанците изнесува 12 %. Со исто толкав процент етничките Албанци рекле дека не знаат кога им било поставено прашањето – Дали знаат некого од советниците во нивната општина, а истиот одговор на прашањето го дале 22 % од етничките Македонци.

 

 

На прашањето :  Дали знаете кој е вашиот градоначалник?

54 % одговориле со Сигурно дека знам, 31 % со Не знам не сум сигурен, 23 % одбиле да одговорат , а 22 % од анкетираните рекле не знам.

Како и во сите прашања од анкетата и тука е земена во предвид етничката структура на испитаниците.

Или пак во проценти.Од вкупниот број испитаници поголем број етнички Албанци или 58 % од анкетираните биле Албанци, кои одговориле дека Со сигурност знааат кој е нивниот градоначалник. Процентот на одговор на ова прашање кај етничките Македонци е пома за 5 %.

Од вкупниот број анкетирани,  33 % биле ентички Македонци кои рекле дека не знаат и не се сигурни кој е нивниот градоначалник, а процентот кај етничките Албанци по однос на ова прашање е помал за 3 %.

Од вкупниот број испитаници, 14% од етничките Македонци одговориле со зборовите – Не знам, на прашањето кој е вашиот градоначалник , а кај Албанците процент на овој одговор е помал за само два проценти.

На истото прашање 12 % од етничките Албанци одбиле да одговорат, додека само 4 % од испитаните етнички Македонци одбиле да дадат одговор.

 

На прашањето:  Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за  вашиот градоначалник?   

Според покажаниот приказ погоре, најголем број од испитаниците одговориле дека имаат негативно мислење за нивниот градоначалник, односно 39 %, а најмал  процент или 10 % имаат малку позитивно.

Според етничката структура, Албанците од нивните сограѓани Македонци имаат негативно мислење за нивниот градоначалник за 10 % повеќе.

 

 

 

На прашањето :  Како ја оценувате работата на вашиот градоначалник со оценката од  1 до 10?

Најголем број од испитаниците, односно 41 % од анкетираните рекле дека нивниот градоначалник заслужува оценка од 1 до 6,  најмал процент односно 3 % добиле највисока оценка од од 9 до 10.

И тука како и на претходните прашања е земена во предвид етничката структура на анкетираните.

 

 

 

 

На прашањето:  Дали сметате дека вашиот градоначалник заслужува уште еден мандат?

 

Како што стои во самиот приказ погоре, најголем дел од испитаниците, односно 43 % од анкетираните, одговориле дека нивниот градоначалник не заслужува уште еден мандат. Поголем број од нив или 47 % кои го дале овој одговор биле етнички Албанци.

 

 

 

На пашањето:  Дали би гласале за кандидат од истата партија што гласавте на претходите избори?

 

На ова прашање на кое најголем процент, односно 43 % одговориле дека нема да гласаат. Останатите одговори на ова прашање и проценти, се погоре во самиот графички приказ.

 

 

 

 

На прашањето: Која од политичките партии досега води подобра кампања?

 

Најголем процент односно 26,68 % одбиле да одговорат на прашањето која од политичките партии досега води подобра кампања. Поголем број од испитаниците односно 23.89 % сметаат дека СДСМ води најдобра кампања, па потоа следува ВМРО ДПМНЕ со 22,19 %.

Од партиите на албанскиот политички блок, резултатите се следни. ДУИ води најдобра кампања, потоа следува Алијанса за Албанците и Алтернатива, БЕСА и на крај ДПА. Процентите за секоја партија се подоли во приказот.

Дел 2

Тесна трка на најголемите партии, ВМРО ДПМНЕ со мала предност пред СДСМ

 

На прашањето: За кандидат на  која политичка партија би гласале на 17 октомври
во вашата општина

22,31% од анкетираните граѓани во истражувањето кое го спроведе Центарот за политичко истражување и комуникации, одговориле дека на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, а за околу 2 % помалку, би гласале за кандидатите од СДСМ, или за оваа политика опција би гласале 19,75 % од испитаниците.

Од Албанскиот политички блок, владечката ДУИ има помала подршка од нивниот политички опонент коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива покажува анкетата.

За ДУИ на 17 октомври би гласале 6,31 % од испитаниците, а за партиите на Села и Гаши кои се во коалиција 6,95 % од анкетираните. Каква е подршката за останатите политички парти за престојните локални избори, може да погледнете во графичкиот приказ подолу.

 

 

 

 

 

 

 

На прашањето: Во кој од лидерите на политичките партии имате најголема доверба?

Испитаниците најголема доверба му дале на лидерот на СДСМ Зоран Заев со 21,15 %, а 19 35 % од испитаниците одговориле дека  му верувааат на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

За кај партиите од Албанскиот политички блок испитаниците искажале најголема доверба за претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, па потоа следува лидерот на ДУИ Али Ахмети . Како е во проценти и за довербата за останатите лидери, подолу во графичкиот приказ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На прашањето: Доколку парламентарни избори се одржуваат утре, За листата на која партија би гласале?

ЦПИК упатити прашање и до испитаниците , доколу парламентарните избори се одржат утре, за листата на која партија би гласале. Одговорите се следни.

За ВМРО ДПМНЕ би гласале 27,31 % а за СДСМ 26,19 % од анкетираните. За ДУИ пак на ова прашање испитаниците дале поголема подршка од нивниот политички опонент Алијансата за Албанците и Алтернатива, или во проценти 8,11 % од анкетираните би гласале за партијата на Ахмети, а за коалицијата на партиите на Села и Гаши 7,67%. За сите партии графички приказ погледни подолу

 

 

 

 

 

 

 

Анкетата продолжува, со ново истражување и податоци за довербата и подршката на партиите и кандидатите за градоначалниците во општините ширум државата.

Следете не…

Дел 3

За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори?

Арбен Таравари со убедливо водство пред политичкиот опонент Невзат Бејта

Анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации, покажува дека кандидатот за градоначалник за Општина Гостивар од Алијансата за Албанците и Алтернатива Арбен Таравари, води за речиси 10 % пред Невзат Бејта од ДУИ.

На прашањето за кој кандидат за градоначалник за Општина Гостивар ќе гласате на локалните избори, испитаниците ги дале следниве бројки, односно проценти.

35,15 % одговориле дека ќе го дадат својот глас за Таравари , а 26.35 % за Невзат Бејта.

За Фадил Зендели од Беса се изјасниле 4,5 % од анкетираните.

Види подолу на графичкиот приказ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Кандидатот за градоначалник за Општина Кавадарци од ВМРО ДПМНЕ Митко Јанчев со најголема подршка од граѓанитe

Од вкупниот број на анкетирани граѓани 32,35 % одговориле дека ќе гласаат за кандидатот за градоначалник за Општина Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ Митко Јанчев. За кандидатот на СДСМ својот глас би го дале 29,15 % од вкупниот број испитаници

Види подолу графички приказ

 

 

 

 

 

 

 

 

Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива со најголема подршка од дебарчани

Истражувањето на ЦПИК покажа дека од вкупниот број на анкетирани, најголем процент или 27, 35 % би гласале за  Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека за неговиот политички опонент Хекуран Дука од ДУИ подршка, односно глас би дале дале 24,32 % од испитаниците.

Види подолу графички приказ на ЦПИК.

 

 

 

 

 

 

 

Анкета на ЦПИК – ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во тесна трка за Прилеп,  мала предност има позицијата

Од вкупниот број анкетирани 31,35 % одговориле дека ќе гласаат за Горан Сугарески кој СДСМ го кандидираше за градоначалник на Општина Прилеп.

За политичкиот опонент од ВМРО ДПМНЕ Борче Јовчески, својот глас според истражувањето кое го направи ЦПИК би гласале 29.15 %

Колкава подршка имаат другите кандидати кои се кандидирани за градоначалник за Општина Прилеп, подолу во графичкиот приказ.

 

 

 

 

 

 

 

Охриѓани со поголема подршка за кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков

Истражувањето на ЦПИК покажува дека поголемиот број од граѓаните на Охрид, својот глас на престојните локални избори би му го дале на кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков. Или во борјки за него би гласале 31,75 % од испитаниците, а за политичкиот опонент од СДСМ и актуелниот градоначалник Константин Георгиевски кој ќе се трка за уште еден мандат. би гласале 27,95 % од испитаниците.

Види подолу графички приказ

 

 

 

 

 

 

 

Данела Арсовска со минимална предност пред Петре Шилегов од СДСМ

Независната кандидатка за градоначалничка на град Скопје која ќе биде подржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на престојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври, со минимална предност пред политичкиот опонент и актуелен градоначалник Петре Шилегов од СДСМ

Од вкупниот број анкетирани, 23,1% одговориле дека ќе гласаат за неа, а за Шилегов 21,45 %.

Каква е подршката за останатите кандидати за градоначалници за град Скопје, за каде се појави голем интерес, односно голем број кандидати, види подолу во графичкиот приказ.

 

 

 

 

 

 

 

Оливер Илиевски од СДСМ со повеќе од 10 % предност пред поранешниот сопартиец  Димитриевски, води и пред кандидатот од ВМРО ДПМНЕ

 

Анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации со следниве резултати за Општина Куманово, во пресрет на локалните избори.

Од вкупниот број анкетирани 23,65 % одговориле дека ќе го дадат својот глас за кандидатот од СДСМ Илиевски. За неговиот поранешен партиски соборец  Димитриевски би гласале 12,35% . За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ актерот Тони Михајловски подршката е поголема, односно за него како што покажува анкетата, би гласале 17,75 % од испитаниците.

Подолу следува графички приказ за за останатите кандидати за градоначалници за Општина Куманово

 

 

 

 

 

 

 

Теута Арифи со минимална предност за трет мандат, Вулнет Мурсели на чекор до неа, неисвесна борбата за прв човек на Тетово

Анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации, покажува дека актуелната градоначалничка која се бори за трет мандат, има минамална предносот пред политичкиот опонент Вулнет Мурсели.

Од вкупниот број испитаниците 18, 35 % рекле дека ќе ја гласаат Арифи на локалните избори, а нешто помалку односно 16,95 % се изјасниле за кандидатот од Алијансата за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели.

Каква е подршката за кандидатите од другите политички партии, погледнете во графичкиот приказ подолу.

 

 

 

 

 

 

 

Арачиновци со поголема подршка за кандидатот за градоначалник од редовите на Алијанса и Алтернатива Наим Синани

 

Анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации, покажува дека поголемиот број од граѓаните на Арачиново, својот глас на престојните локални избори би му го дале на кандидатот од Алијанса и Алтернатива Наим Синани. Или во борјки за него би гласале 25,05% од испитаниците, а за политичкиот опонент од СДСМ и актуелната градоначалничка Миликије Халими која ќе се трка за уште еден мандат. би гласале 21,12 % од испитаниците.

Види подолу графички приказ: