АНКЕТАРИ

0 0
Време на читање:1 Минута, 3 секунди

Центарот  за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК) има потреба од анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување на теренски  анкети  во одделни општини на територија на Р.С. Македонија.

 

Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓаните, лице во лице.

Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење,  динамични и со одлични комуникациски вештини.

Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.

Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на Центарот  за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК).

Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.

 

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

  • Завршено средно или високо образование
  • Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
  • Добри комуникациски вештини
  • Флексибилно работно време
  • Искуство со работа на терен
  • Искуство со работа на прашалници

 

Потребни документи за аплицирање:

 

  • CV (работна биографија)
  • Мотивационо писмо

 

Начин на аплицирање:

 

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: anketari@crpc.eu

 

Аплицирањето е најдоцна до 22.08.2021 .

Избраните кандидати ќе бидат информирани на истиот начин на кој аплицирале на 25.08.2021.

 

 

За авторот на објавата

crpc

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleepy
Sleepy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %