Search for:

Анкета на ЦРПЦ: Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Анкета на ЦРПЦ за парламентарните избори: ВМРО – ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ.

 

 

 

Анкета-Март 2024

Презентација на  резултати 

 

 

Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу:

 

 

1. За која политичка партија или коалиција би гласале на Парламентарните Избори на 8 Мај?

 

 

2. За кој од  Претседателските кандидати би гласале на Претседателските Избори на 24 Април?

 

 

 

 

  • Анкетата е спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината”.

 

  • Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод.

 

  • Истражувањето е спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

 

  • Маргина на грешка +-3,0%.

 

 

www.crpc.mk. /  info@crpc.mk


 

 

 

Оглас: ТЕРЕНСКИ АНКЕТАРИ / ТЕЛЕФОНСКИ АНКЕТАРИ

 

 

Центарот за истражување и политичка комуникација  (ЦИПК) има потреба од ангажирање на 10 (десет) анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување  на телефонски и  теренски истражувања, по веќе структуриран прашалник во текот на месец март / април 2024 година.

Теренските  истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, по случаен метод со однапред утврдена методологија.

Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.

Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително.

Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на (ЦИПК)

 

Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.

 

Времетраењето на ангажманот е еден месец, а се плаќа според сработени анкети. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

  • Завршено средно или високо образование
  • Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)
  • Добри комуникациски вештини
  • Флексибилно работно време

Потребни документи за аплицирање:

  • CV (работна биографија)

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: info@crpc.mk

Краен рок за пријавување:

28/02/2024