Јавен оглас за анкетари

 

Центарот за истражување и политичка комуникација (ЦРЦП

во периодот март , мај и септември 2021 година спроведува истражување на јавното мислење на пресрет на локалните избори 2021.

За потребите на истражувањето, отвораме повик за 12(дванаесет) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во теренското спроведување на истражувањето и внес на податоците. Теренското истражување предвидува спроведување на прашалници определени општини  во територијата на целата држава во периодот од 15ти февруари до 15ти септембар , 2021 година.

За подготовка на избраните анкетари ќе биде организиран еднодневен тренинг на 15 ти мартна кој е задолжително да присуствуваат избраните анкетари. За прибирање и внесување на податоците, анкетарите ќе бидат ангажирани во месеците март, мај  и септември 20201 година.

Сите заинтересирани за овој повик потребно е:

  • Да се полнолетни;
  • Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
  • Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време во работните денови;
  • Во периодот од од 15-ти март до 25-ти март, да бидат во државата и во можност да го извршат анкетирањето во горенаведените општини;
  • Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
  • Да присуствуваат на еднодневен тренинг на 15-ти март во Скопје;
  • Да поседуваат добри комуникациски вештини.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават своја биографија (CV), најдоцна до 10-ти март2021година до 23:59 часот на anketari@crpc.eu  со назнака „Пријава за анкетар“. Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл-адреса.

Избраните анкетари ќе бидат известени на 14-ти марѕ 2021/ година за времето и локацијата на еднодневниот тренинг, а за ангажманот е предвиден финансиски надомест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *