Центарот за политички истражувања и комуникација спроведе анкета во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани на 15 јули. Се работи за анкета направена врз 1381 испитаник спроведена „лице во лице“- директно во контакт со испитаници по случаен метод.
Анкетата е спроведена во сите изборни единици, во периодот од 28 јуни до 5 јули 2020 година.
По спроведената анкета и обработените податоци Центарот за политички истражувања и комуникација ги доби следните резултати.
Резултати од изборната единица број 1
Во изборната единица број 1 коалицијата Можеме предводена од СДСМ води пред коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ за 10,5 %.Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ и коалицијата би гласале 38,4 % додека за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 27, 9%
Во Албанскиот политички блок Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има блага предност пред ДУИ од 0,2 %.
22,1 % од испитаниците во изборната единица 1 одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.
Резултати од изборната единица број 2
Во изборната единица број 2 коалицијата Можеме предводена од СДСМ води пред коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ за 5.6 % Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 31,3 %, додека за ВМРО ДПМНЕ 25,7%.
Во Албанскиот политички блок коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има предност пред ДУИ од 1,4 %. Односно за коалицијата Алијанса и Алтернатива би гласале 7, 9 %, додека за ДУИ 6,5 %
28,6 % од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.
Резултати од Изборна единица број 3
Во Изборната единица број 3 коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ води пред коалицијата Можеме предводена од СДСМ за 7,4%. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 33,8 %, додека за ВМРО ДПМНЕ 41,2%
Во Албанскиот политички блок за Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива би гласале 0,1 % од испитаниците. Ист број од вкупниот број анкетирани одговориле дека ќе гласаат и за политичката партија ДУИ.
24,8 % од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.
Резултати од Изборна единица број 4
Во изборната единица број 4 коалицијата Можеме предводена од СДСМ има предност пред нивните политички опоненти коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ од 0, 9 %. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ би гласале 40,8 % додека за ВМРО ДПМНЕ 39,9%.
19.1 % од испитанците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.
Резултати од Изборна единица број 5
Во изборната единица број 5 коалицијата Можеме предводена од СДСМ имаат предност пред нивните политички опоненти коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ од 1,3 %. Односно испитаниците одговориле дека за СДСМ и коалицијата би гласале 32,7 % додека за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 31.4%
Во Албанскиот политички блок коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има блага предност пред ДУИ за 0,2 % Или поконкренто за ДУИ се изјасниле дека ќе гласаат 5,2 % од испитаниците, а за Алијанса и Алтернатива 5,4 %.
23,5 % од испитанците одговориле дека ќе гласаат за друга партија или воопшто нема да гласаат.
Резултати од изборната единица број 6
Во изборната единица број 6 за Алијансата за Албаницте и
Алтернатива анкетата покажува дека ќе гласаат 23,7 %, а за ДУИ 20,9 %. Во оваа
изборна единица Алијанса и Алтернатива имаат предност пред ДУИ за 2,8 %.
Во Македонскиот политички блок коалицијата Можеме
предводена од СДСМ има предност од 10,7 % од нивниот политички опоненти
коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ. Односно испитаниците
одговориле дека за СДСМ би гласале 21,4 % додека за ВМРО ДПМНЕ 10,7%
23,3% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга
партија или воопшто нема да гласаат.